Нови детали: Има приведени за ранувањето на полицаецот пред црквата

Три лица се приведени во врскса со ранувањето на полицаецот пред централната црква во Велес претходно во неделата претпладнето, велат од министесрството за внатрешни работи, а полицискиот службеник е тешко ранет во пределот на стомакот и десната нога, и по настанот итно е пренесен на скопските клиники.

Велешката полиција претходно го потврди вооружениот инцидент и оти се трага по осомничениот кој по инцидентот побегнал. Имаше информации и дека на излезот од градот сите коли се запираат и се претресуваат.

Четириесет и шестгодишниот Е.М., полицаец од Велес е тешко ранет во близина на црквата „Свети Спас“ во Велес. Ранетиот полицаец и негова колешка биле во контрола кај црквата по пријава дека жители од ромската населба Рамина ограбуваат верници кој доаѓале на богослужба во споменатата цркваа.

Во еден момент настанала мешаница меѓу полицајците и еден од сомничените за грабеж, по што насилникот успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и со него да испука пет куршуми. Четири од куршумите завршиле во стомакот, а еден во коленото на полицаецот.

Полицаецот итно е бил пренесен во хируршката амбуланта при велешката Општа болница каде му била укажана прва помош. Тој е вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на Хирушките клиники во Скопје.