Ниту преголеми гради, ниту сјаен задник: Мажите признаа, еве што најмногу ги привлекува кај жените

Што сакаат мажите во креветот повеќе од долги нозе и совршени гради?

Далеку од тоа дека мажите не се суштества кои сѐ визуелизираат и дека не сакаат долгоноги жени со совршени гради. Но – тоа не значи дека вашиот маж не е луд по вас и дека не можете да направите оваа ситуација да потрае.

Мажите сакаат отворени, искрени жени кои не ги кријат своите чувства. А ова се однесува и на стравствените ноќи и на едноставната комуникација. Вкочанетоста само им пречи и ги плаши мажите. Тие сакаат да им верувате и како личност и како партнер во креветот, а тоа значи дека очекуваат да бидете отворени во поглед на своите желби и дека можете да ги гледате во очи за време на сексот.

Трансфер на лидерството

Секој човек сака да биде најдобар во нешто. Затоа, мажите сакаат пофалби во креветот. Ова не значи дека треба да го затрупате со неумерено и со незаслужено одобрување, но бидете слободни да го пофалите за активностите во кои е навистина добар.

Љубов кон своето тело

Сигурно сте виделе некои на прв поглед чудни парови. Тој, згоден како Аполон, а таа.. помалку дебела, духовита, со смешна фризура и со несредени чевли со старински потпетици. Што видел во неа? Меѓутоа, во овој случај, подобро е да преиспитате поради што таа покажува толку самодоверба? Тоа не може да биде без основа. А жената која се сака себе, го сака и своето тело и ужива во него и во активностите во спалната соба. Од тоа ништо, но баш ништо не е попривлечно.

Преземање иницијатива во креветот

Повремено и вие можете да преземете иницијатива во креветот. Вашиот избраник ќе биде воодушевен ако му понудите нешто ново или ако го преземете местото на водач на некое време. На крајот на краиштата, и мажите сакаат кога ќе ги препуштат уздите на партнерката и само ќе се опуштат и ќе уживаат.

Предигра

Да, мажите кои се фалат дека секогаш се подготвени за секс, довеле во заблуда многу жени. Поради тоа и понатаму постои мислење дека предиграта не е важна за претставниците на посилниот пол, но сѐ е ова далеку од вистината. Секој организам е единствен, а ситуациите уште повеќе. На вашиот партнер му е потребно одредено време повторно да иницира секс, особено ако уморот и хроничниот стрес земаат данок. Важна е и возраста на партнерот и физичкото здравје. Генерално, не ја занемарувајте предиграта.

Оргазам за неа

И уште една заблуда за спротивниот пол. Мислите дека тој се труди само за својот оргазам? Реткои кои мажи го игнорираат женскиот оргазам, можеби само најокорелите егоисти. Нормалниот партнер, напротив, нема да биде потполно задоволен ако неговата жена не го достигнала врвот на задоволството. Затоа, слободно зборувајте за своите желби, покажете што ве возбудува, предложете пози во кои ќе го достигнете врвот на уживањето.

Отелотворување на фантазиите

Сексот е невозможен без да бидат задоволени некои фантазии, па разговаратјте за тоа со својот партнер. Што ако сонува да ја довлече слатката стјујардеса или строгата професорка во кревет? Или можеби би сакал да проба нова поза или да употребува некои од вашите секси играчки? Доколку и вие сакате игри, зошто да не?