Николоски: Претседател на државата се бирал, се бира и ќе се бира директно од народот на непосредни избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски изјави дека овие избори се историски каде ќе се одредува судбината на Македонија. Додаде дека уцените на ДУИ нема да поминат.

Николоски додаде, Стево Пендаровски наместо да одговори зошто штити криминал, зошто ги потпиша спорните измени на Кривичниот законик со кој што се штитат криминалците, наместо да одговори како прифаќа како прифаќа крадени народни пари за финансирање на неговата кампања, и наместо да одговори зошто не осуди ни една криминална афера во Македонија, тој навредува и тоа само го покажува неговото вистинско лице.

„Гледам дека заедно со СДСМ и со ДУИ се обидуваат да внесат хаос во Македонија. Но, тој хаос нема да се случи и нема да помине. Гледам од ДУИ сеуште мислат дека можат да уценуваат, па велат, доколку сакате ова или она треба да поддржите избор на претседател на државата во Собрание“, рече Николоски.

Од Прилеп, Николоски упати порака до ДУИ, претседател на државата се бирал, се бира и ќе се бира директно од народот на непосредни избори и ниедна уцена нема да помине, затоа што не се во позиција да уценуваат, а граѓаните со масовната излезност и на 24 април и на 8 мај ќе кажат едно големо „не“ на уцените.