Никогаш не помислив дека ќе најдам личност како тебе

Никогаш не помислив дека можам да најдам некој кој ќе ме сака во сите добри и лоши нешта. Некој, кој ќе ме прифати со сите свои маани. Не верувам дека ќе најдам некој кој ќе разбере сѐ што правам, кој ги знае сите мои причини.

Не ни помислив дека можам да најдам личност која ќе биде со мене во гласните Петоци и тивките неделни утра.  Се сомневав дека можам да најдам личност која ќе ме сака толку и ќе посака секоја саботна вечер да ја мине со мене. 

Не верував дека можам да најдам личност која никогаш нема да бара од мене да се променам. Која во моите очи ќе види повеќе приказни од нејзините омилени тв серии и филмови и која мојата дланка ќе ја држи толку цврсто. Не мислев дека можам да најдам личност која моите солзи ќе ги гледа како моќ, како силен дел од мене, а не слабост. Не верував дека еден ден ќе бидам со личност која не го знае значењето на зборот „игра“.

Ти си таква личност. Ти си оној кој го забележува моето лице меѓу толпа луѓе. Оној кој мојот број го знае напамет и кој го знае бројот на чекори до мојата куќа. Ти си мојата личност.

cheap nike air max 90