Невремето почна во дел од Скопје: Пороен дожд и грмежи, се очекува и град

 

Во јужниот дел од Скопската Котлина има интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град, информираа пред малку од УХРМ. 

Претходно, имаше предупредување за невреме, особено во источните делови од земјава, каде попладнево ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.