Несовесни граѓани палат ниви и земјоделски стрништа кај Смилковското езеро (фото)

Од несовесни граѓани запалени се ниви и земјоделски стрништа, како и диви депонии.

-Дежурните екипи на инспекторатот во неколку наврати интервенираа заедно со противпожарните екипи во близина на Смилковското езеро. Ќе се идентификуваат сопствениците на овие ниви и ќе бидат превземени соодветни казнени мерки, велат од инспекторат на Град Скопје.