Ненадејно почина Дашмир Беари, селекторот на македонската репрезентација до 17 години

Македонскиот фудбал е завиен во тага. Ненадејно почина Дашмир Беари селекторот на македонската репрезентација во фудбал до 17 години.

Беари е добро познато име на нашите терени, човек кој има работено во повеќе домашни клубови, извесно време беше и во Саудиска Арабија во тимот Ал Раед.

Тој имаше и неколку ангажмани во нашите млади селекции, последниот му беше како предводник на репрезентацијата до 17 години.

Неговото срце престана да чука во 50. година од неговиот животот.