Немало „криење“ на производи во маркетите, потрошувачката била голема

Неточни се информациите дека големите маркети ги отстраниле производите од полиците, со цел истите да ги изложат повторно по одмрзнувањето на цените, рече денеска инспекторката Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат за Утрински брифинг.

ДПИ реагирале на наводите дека маркетите наменски ги скриле производите, за да не купуваат граѓаните додека се замрзнати цените, односно да се вратат тогаш кога ќе бидат „одмрзнати“. 

- Државниот пазарен инспекторат веднаш излезе на терен, при што во моментот на надзорите не се утврдени никакви манипулации во однос на износот на горивото кое може да се наточи од страна на едно лице, ниту пак ограничување во однос на литражата која може да се наточи - рече Котели во интервју за Утрински брифинг.