Нема повеќе разголени девојки: ФФМ си го врати профилот на фејсбук

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) конечно успеа да го врати официјалниот профил на фејсбук, кој беше хакиран веќе неколку месеци.

Хакерите долго време објавуваа разголени девојки од Кина на социјалните мрежи, но овој пат ФФМ ја доби битката.

- Време беше. Еве сме, повторно. Споделувај и се гледаме, објави ФФМ.