Неделен хороскоп: 25 јуни – 1 јули

Што ни носат ѕвездите за последната недела од јуни?

Овен

На работа ситуацијата е малку непријатна и потребно е да внимавате на непотребни компликации и кавги со колегите. Доколку сакате овој период да помине како што сакате, бидете воздржани.

Љубовта носи потреба да се донесат важни одлуки. Време е да пресечете и да го изберете тоа што сакате.

Бик

Овие денови на работа ништо не се случува на среќа и важно е добро да се помачите за да го остварите тоа што го имате наумено. Така,  време е да „го загреете столчето“ и да ги остварите целите.

Љубовта носи многу интересни случувања и сигурно нема да ви биде досадно. Време е да уживате.

Близнаци

Работата воопшто нема да биде едноставна во текот на оваа недела. Проблемот се јавува поради недостатокот на поддршка на која сметавте, а која не ја добивате.

Кога станува збор за љубовта, голема е веројатноста дека ќе дојде до заладување на односите меѓу вас и саканата личност.  Ќе бидете во дилема дали да продолжите или пак не.

Рак

Ситуацијата на работа е прилично мирна, така што можете да се опуштите во плодовите на успехот. Нема да имате големи промени, се е по старо.

Љубовта носи поголеми проблеми кои можат да доведат до прекин на врската. Добро размислете што сакате и бидете свесни за последиците.

Лав

Работата ви е во фокус, во смисла на заработувачка, поради тоа што имате големи трошоци и не знаете како да ги контролирате. Или најдете дополнителна работа или пак добро испланирајте го  буџетот.

Љубовта не ви е многу важна, и се чувствувате рамнодушно. Ги пуштате работите да се случат сами од себе.

Девица

Ситуацијата на работа не е онаква каква што сакате да биде. Или променете ги очекувањата, или пак прилагодете ги на реалноста.

Љубовта носи мали проблеми со личност од минатото која не ви дава мир. Внимавајте.

Вага

Имаш многу планови, но не успеваш да ги реализираш бидејќи наоѓаш ситници кои те вознемируваат и забораваш на првичниот план. Обрни внимание на тоа што го правиш и сакаш да го постигнеш.

Ве очекува интересен флерт со интересна личност.

Шкорпија

На работа се соочувате со ситуација каде сами морате да ги решите сите проблеми што ви паѓа тешко бидејќи не знаете што се очекува од вас. Сепак, чекор по чекор, ќе успеете.

На полето на љубовта нема да ви биде воопшто досадно бидејќи ве очекуваат интересни средби и дружења со личност со која нема да можете лесно да го дефинирате односот.

Стрелец

Работите се поправаат на работа и почнуваат да се одвиваат во ваша корист. Не се грижете бидејќи се ќе биде во ред и воопшто нема потреба за паника.

Љубовта ќе ви биде малку досадна оваа недела, бидејќи е еднолична и ништо не се случува. Пробајте да ги поправите грешките.

Јарец

На работа се комплицираат работите, а вие никако да дојдете до крајното решение. Не се плашете да побарате помош од оние кои можат да ви помогнат.

Уживате во осаменоста, а од друга страна сакате и летна авантура. Потрудете се да се активирате, повеќе да излегувате. Така ќе запознаете некоја интересна личност.

Водолија

Загрижени сте за своите финансии и генерално за ситуацијата на работа. Не сте сигурни кој чекор е најдобро да го преземете. Добро размислете за сите нешта, и потрудете се тоа да биде рационално.

Имате проблеми со љубомората во врската, а сами знаете дека нема потреба за тоа. направете мала пауза и поврзете се со своите чувства.

Риби

Работите не се одвиваат во ваша корист, односно не како што вие планиравте. Оваа недела ве очекуваат и мали проблеми во љубовта, но ништо сериозно нема да се случи ни таму, ни на работа. Опуштете се. Само водете сметка за тоа како се однесувате.