Не трчајте по љубовта, таа е околу вас

„Мојата сопруга ме испрати да направам анализи, не знам зошто воопшто дојдов. Добро се чувствувам, го губам само моето време на овој начин. Ми рече дека морам“ – забрзано зборува еден човек на возраст од 45 години додека гледа во својот телефон.

Тој изгледа уморно, нервозно, задишано и многу дефокусирано.

Младата медицинска сестра го погледнува во очи и му вели : „Господине, вие сте среќен човек.“ Тој не ја разбира што сака да му каже, не се ни замара да го разбере тоа. Само ја прашува колку треба да плати и кога да се врати по резултатите.

Тој не разбира  ништо. Често, не разбираме воопшто. Не гледаме, не чувствуваме, не знаеме колку сме сакани бидејќи сме обесхрабрени од љубовта. Веќе и како да немаме сензори за љубовта која ја примаме. Нашите погледи се насочени на друго место, фокусирани сме на сценариото кое сме го замислиле, на тоа како треба да изгледаат нештата. Толку се уништени нашите сензори што веќе како да не ја прифаќаме љубовта и кога некој почнува да вреска против нас. Бараме големи гестови, јавни, гласни. А, за тоа време љубовта од нашите најблиски се случува тивко и се однесуваме како да не ни е потребна. Милион пати поминуваме покрај неа не забележувајќи ја, однесувајќи се како да не ни е потребна.

Овој господин не ја забележил љубовта кај својата сопруга. Во нејзината грижа за него. Но, вие побарајте ја , уште денес, уште сега. Некој се сеќава дека денес ви е прв ден на работа, дека имате тежок испит на факултет, дека ви се случува нешто важно.

Побарајте ја љубовта во овие нешта, во повиците за дружење без повод, во желбата на другите луѓе да ве видат среќни.  Побарајте ја во топлата супа кога сте болни, во книгата која ви ја подариле, во малите ситници.

Побарајте ја љубовта во вистината која некој ви ја кажал, иако знае дека можеби ќе се лутите. Пуштете ги луѓето да ве сакаат на својот уникатен начин. Барајте ја љубовта во зборовите кои ги кажуваат, во мирот кој ви го даваат кога сте лути, во прифаќањето такви какви што сте.

Не трчајте по неа, не ја барајте во луѓето кои немаат способност да го направат тоа за вас.  Чувајте ја таквата љубов која овој господин не ја ни забележал.