Не сте скопјани ако не сте купиле ни една среќка од “Миш бели среќу дели“ на Камени Мост

 Овој вирален статус е секогаш број еден аргумент на старите скопјани! 

Велат дека не сте скопјани „во душа“ доколку не сте биле дел од овие култни места на градот во минатото! 

Почитувани “скопјани“ ем мили и сакани “скопјанки“

Ако не сте иделе на игранки у Треска, Кочо Рацин, Работнички дом, кино Кисела Вода, дискотека Хендрикс-Драчево...

Ако не сте искачале на корзо пред „Кенан“, „Грација“, „Пошта“, на кеј „Технометал“,  у ГТЦ „Ванила“, ако не сте ѓускале у „Технометал“, „Панорама“, „Мусандра“, „Турист“ и „Таверна“...

Ако не сте иделе на жива музика у „Кермес“,„Опатија“, „Офицерска бавча“, „Инвалидски“...

Ако не сте скокале ласта од трета на Кале, втора у Сарај и од врбата на кривина.

Ако не сте купиле ни една среќка од “Миш бели среќу дели“ на Камени Мост.

Ако не сте јаделе шкембе чорба у „Шар“ и сутлијаш со тулумба у него у „Пеливан “ и „Баш Пеливан“ и уште многумити интересни автохтони Скопски марифетлаци  - НЕ СТЕ СКОПЈАНИ!