Не ја бркајте љубовта, таа ќе дојде кога е време

Чекајте ја личноста која ќе ве разбере, онаа која ќе ви помогне да го разбистрите умот, наместо да ве тера постојано да се прашувате. Чекајте ја личноста која ќе ви помогне да се справите со своите стравови и нервози.

Ќе дојде време кога ќе дојде личност која ќе ве слуша додека зборувате. Личност која ќе ви покаже дека сѐ што кажувате е важно. Тоа ќе биде личност која ќе ве слуша и ќе се грижи за вас кога сте сами, но и кога сте меѓу луѓе.

Чекајте ја личноста која ќе направи да се чувствувате сакано и безбедно. Онаа чие присуство ви носи мир, чие срце е како ваш дом.

Оваа љубов е без притисоци, ограничувања и условувања за тоа какви треба да бидете.

Тоа ќе биде личност која не само што ќе ви каже, туку и ќе ви покаже како се чувствува околу вас, за која нема да морате да се прашувате дали ги правите среќни и колку им значите. Личност која што не само што нема да ве прави несигурни, туку сигурни и среќни. Со оваа личност, поврзаноста е нежна и природна, таа не бара напор.

Оваа личност ќе ви покаже зошто не успеало со никој друг претходно.