Највисоки плати во Скопскиот а најниски во Североисточниот регион на Македонија

 

Новата новогодина публикација „Регионите во РМ 2023 на Заводот за статистика открива големи разлики во платите, БДП и стандардот по глава на жител во земјава пишува порталот Portalb. Во четири региони, БДП по глава на жител е над државниот просек,  но во четири други региони стандардот на граѓаните е под просекот.

Највисок просек на бруто и нето плата во 2022 та е регистриран во Скопскиот регион а најнизок во Североисточниот регион (Кратово, Крива Паланка, Липково, Куманово, Ранковце, Старо Нагоричани). Според податоците од ДЗС во Скопскиот регион просечната нето плата изнесувала 586 евра што е и највисок износ во однос на останатите седум региони. Споредбата на платите што ја направи “Порталб“ покажува дека меѓу највисоката и најниската просечна нето плата  разликата е поголема од 165 евра.

                                   Бруто плата (во евра)        Нето плата ( во евра)

Скопски                                    877.3                             586,2

Пелагониски                           711,9                             474,5

Југозападен                             692,6                             464,3

Полошки                                  694,1                             463,7

Источен                                   649,2                             434,9

Вардарски                               639,5                             429,0

Југоисточен                             632,2                             424,4

Североисточен                      628,4                             420,8

Североисточниот регион има и најмал удел во БДП по глава на жител со само 4,8% додека Скопскиот регион со 44,1% има најголемо учество во бруто-домашниот производ на ниво на државата. Ова покажува речиси половината од вкупната економска активност во Македонија потекнува од Скопскиот регион.

Според БДП анализата покажува дека по глава на жител “најсиромашни“ се жителите на Полошкиот регион во кој гравитираат поголемите општини Тетово и Гостивар како и Јегуновце, Желино, Маврово и Ростуше, Теарце и други. Конкретно БДП по глава на жител во Полошкиот регион изнесувал 3 429 евра што е далеку од просекот на ниво на државата кој во 2021 та бил позициониран на скоро 6 500 евра. Споредбено со Скопскиот регион каде што БДП е 8603 евра излегува дека разликата помеѓу овие два региона е 5174 евра.

                                                  БДП по глава на жител

Скопски регион                                    8 603 евра

Југоисточен регион                             6 804 евра

Вардарски  регион                              6 664 евра

Источен регион                                   6 539 евра

Пелагониски регион                           5 909 евра

Југозападен регион                             5 792 евра

Североисточен регион                       3 719 евра

Полошки регион                                   3 429 евра

Големи разлика меѓу регионите и според стапката на невработеност. Така, најдлабока стапка на невработеност од 31,8%  е регистрирана во Североисточниот регион а најниска од 4,5% во Југоисточниот регион.

- “Стапката на вработеност во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и во Пелагонискиот Регион во 2022 година се движи над вкупната стапка на национално ниво, при што највисока стапка на вработеност бележи Југоисточниот Регион, и тоа 58.5. Најниска стапка на вработеност во 2022 година има Североисточниот Регион. Во однос на стапката на невработеност, најниска стапка на невработеност од 4.5 има Југоисточниот Регион, во кој соодветно е забележана и највисоката стапка на вработеност“ се нотира во истражувањето.

Големите економски и социјални разлики меѓу осумте плански региони во земјава се хроничен проблем. При крајот на минатата година Владата потпиша договори за 129 проекти  во вкупна вредност од 13 милиони евра  а кои треба да бидат во функција на рамномерен регионален развој – локалната патна инфраструктура, изградба на градинки, набавка на урбана опрема и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.  Колку и како ќе се реализираат овие проекти допрва ќе се анализира.