Најдобрата умствена вежба на светот

„Живеј во моментот“, „Чекор по чекор“, „Само диши“, „Биди сега и тука“, „Соочи се со твоите проблеми“. Кој не ги чул сите овие концепти на самопомош? 

Што да се прави кога ќе се најдеме во стресен момент, кога треба да го дадеме најдоброто од себе, да се потрудиме да ги постигнеме најдобрите резултати, или само да се смириме и се да се опуштиме.... Еве сетете се на која било ситуација: Од гужви во сообраќај до важен работен состанок.

Психологот Рајан Нимиц ја нарекува оваа вежба „Пауза на свесноста“ и се состои од два чекора:

  1. Застанете и сосредоточете се на своето дишење во текот на 10-15 секунди.

  2. Завршете со прашањето: Кои од моите најдобри карактеристики ќе ги манифестирам сега?

Зошто е оваа вежба ефективна?

Кратка е. Луѓето сакаат кратки вежби за свесноста и секој може да одвои по 20 секунди на ден. Оваа вежба ве внесува во моментот и ви дава задолжение да го дадете најдоброто од себе, без оглед на тоа што правите. 

Ве подготвува да бидете најдобри што можете, да бидете подготвени за тешки моменти, да издржите стрес и да ги покажете вашите најдобри карактеристики. 

Оваа вежба навистина има ефект и го повикува најдоброто во вас. Фокусирајте се на нашето позитивно и ќе ви биде јасно што ви е најважно во дадениот момент. 

Оваа пауза ни помага секогаш да имаме на ум дека имаме добри карактеристики и сила која можеме веднаш да ја искористиме.