На вчерашниот натпревар со Германија биле одзимани знамињата со сонцето од Кутлеш

Македонците вчера иако во помал број сепак ја бодреа нашата репрезентација која загуби во дуелот со Германија. Проблемот со кој се соочиња македонските навивачи во „Мерцедес Бенц Арена“ е тоа што на самиот влез им биле одземени знамињата со 16-кратното сонце од Кутлеш.

И покрај обезбедувањето сепак знамето се вееше во арената. Дел од навивачите порачаа: “Нема толку обезбедување колку што ние имаме знамиња“.