На територијата на општина Центар патролираат шест полицајци на велосипед, за безбедноста и сигурноста на граѓаните

Од оваа пролет на територијата на општина Центар патролираат шест полицајци-велосипедисти во одделни реони.

Ова е акција за да се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.

На овој начин се придонесува и во борбата за заштита на животната средина и за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.