Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во кумановско

Тешко повреден мотоциклист од Штип откако се судрил со „опел“. 

- На 08.04.2024 околу 12.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, во атар на село Орашец, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(40) од Куманово и мотоцикл „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(47) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово, соопштија од полицијата. 

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.