Morcheeba за прв пат доаѓаат во Скопје на голема сцена

Трип-хоп хероите Morcheeba ќе настапат на 22 јуни во рамки на вториот фестивалски ден на Skopje Calling 2018.

Morcheeba за прв пат доаѓаат во Скопје во целосен состав, додека пак пеjачката Skye Edwards и гитаристот Ross Godfrey беа дел од Таксират 2016, со нивниот заеднички проект Skye & Ross.

Morcheeba, на Skopje Calling 2018, ќе ги испорачаат песните од нивниот најнов албум наречен „Blaze Away”, кој ќе излезе во продажба на 1 јуни, но се разбира, и добро познатите синглови од претходно издадените албуми.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба оваа среда, преку продажната мрежа на Купи Карти За Сè низ цела Македонија и онлајн по цени од 1000 денари партер и 1500 денари за фан пит.

Ако Thievery Corpoation беа хајлајтот на скопскиот концертен репертоар во 2017, оваа година големи се шансите дека тоа ќе бидат Morcheeba.