Министерството за култура се' уште ја нема добиено потребната документација од Град Скопје за доизградба на Универзална сала

Култното место за скопјани чека реконструкција, сага која трае повеќе од две години. Во однос на Универзалната сала, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, истакна дека се' уште не ја добиле потребната документација од Град Скопје.

- Од Град Скопје се уште не сме добиле ниту одлука, ниту документацијата за Универзалната сала. Кога сето тоа ќе го добиеме, ние сме подготвени во Министерството за веднаш да се фатиме за работа, за да можеме да го надокнадиме времето кое беше изгубено досега, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура.

Инаку, министерката за култура на денешната прес-конференција, соопшти дека е отворен конкурсот за поддршка на проекти од јавен и национален интерес во културата за 2024 година. Таа информираше дека измени во годиншниот конкурс за финансирање проекти од национален и јавен интерес, има во делот на заштита на културното наследство во трите области, што досега беа во иста пријава – библиотечна, музејска дејност и нематеријално културно наследство. Пријавувањето на Конкурсот завршува на 6-ти ноември, на пладне.