Меша Селимовиќ: „Ги сакам луѓето, но не знам што ќе правам со нив!“

Меша Селимовиќ е еден од најцитираните писатели од бивша Југославија. По потекло е од Босна и Херцеговина, а најголемиот успех го постигна со романот „Дервишот и смртта“, кој ги освои сите значајни книжевни награди, а по него следеше „Тврдина“, уште еден многу успешен роман.

Неговите мудрости и денес често се цитираат, а во продолжение прочитајте некои од неговите најубавите мудрости:

„Луѓето всушност се плашат, затоа се сурови.“

„Никој не може некому да натовари толку многу маки на вратот, како што тоа може да си го направи човек самиот на себеси.“

„Ги сакам луѓето, но не знам што ќе правам со нив.“

„Луѓето ги презираат оние кои не успеваат, а ги мразат оние кои се издигнуваат над нив. Навикни се на презир ако сакаш мир или навикни се на омраза ако решиш да се бориш.“

„Улизувачи – тоа за мене се најлошите луѓе на светот, најштетни, најрасипани.
Тие ја поддржуваат секоја власт, тие и се власт, тие сејат страв без милост, без никаков обзир, тие се ладни како мраз, остри како нож, како кучиња се верни на секоја држава, како проститутки се неверни на секој поединец, тие се најмалку луѓе од сите луѓе. Додека постојат тие, нема да има среќа на овој свет, затоа што тие ќе уништат сѐ што е вистинска човечка вредност.“

„До крајот на животот ќе ги запознавам луѓето, а никогаш нема навистина да ги запознаам. Секогаш ќе ме збунува необјаснивоста на нивните постапки.“

„Од памтивек е така, синовите се понеразумни од своите татковци и на тој начин разумот сосема би исчезнал, но за среќа, синовите стануваат разумни кога ќе станат татковци.“

„Луѓето се зли деца, зли по дејства, деца по паметот. И никогаш нема да бидат различни.“

„Грешните мисли се како ветар, кој може да ги сопре. За што служи побожноста ако нема искушенија кои се совладуваат?“

„Човек не е Бог и неговата сила е баш во тоа да ја поттисне својата природа.“