Мехмедовиќ: Предлагаме тестирање за голема кашлица низ цела држава, се очекуваат и вакцини за возрасни

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ кажа дека од 15 март се очекуваат да пристигнат првите вакцини против пертусис за возрасни, додека дополнително се предлага тестирањ за голема кашлица низ цела држава.

Вакциналните пунктови во Скопје каде што има епидемија Мехмедовиќ кажа дека работат во две смени, вакцинацијата се одвива добро и продолжува со исто темпо.

Меѓу новите препораки се да се засили инспекцискиот надзор на ДСЗИ за да се види навистина состојбата во градинката со вакцинирани и невакцинирани деца, да се овозможи тестирање за пертусис низ целата држава од центрите за јавно здравје, досега немаше таква можност, дигиталната евиденција за вакцинација на децата, во вакц пунктовите да биде задолжителна за подобар преглед.

“На денешната седница разговаравме исклучиво за пертусис. Најмногу заболени има во Скопје – подвлече Мехмедовиќ.