Маж од радовишко тешко повреден во сообраќајна несреќа

Возач од радовишко излетал од пат на регионален пат при што е тешко повреден. 

- На 24.04.2024 во 18.14 часот во СВР Штип било пријавено дена на регионалниот пат Радовиш-Штип патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(49) од село Калуѓерица, радовишко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.