Малолетничка и двајца мажи повредени во сообраќајка во скопско

Вчера се случила тешка сообраќајна незгода во скопското село Зелениково.

- На 29.06.2023 во 17.45 часот било пријавено дека во с.Зелениково-скопско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(50) од с.Страхојадица и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(37) од с.Зелениково, соопшти МВР.

Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.