Макрадули: Воздухот е загаден и работиме за да се справиме со тоа!

Една од клучните работи за кои се сложивме е дека воздухот е загаден и не бегаме од тоа и јас сметам дека тоа е еден од најголемите предизвици што претстои, не само пред Министерството за животна средина туку пред целата Влада.

Тоа е еден проблем што изискува и побарува интегриран пристап и во овој момент тоа е нашиот генерал пристап од политичко ниво“, изјави за Отворено Студио 1 Јани Макрадули, заменик министер за животна средина.

Според него, на оперативно ниво е подигната интер-ресорската работна група која што се грижи и дефинира мерки, за да се избегне и не се живее во илузија дека е чист воздухот и дека се намалени деновите на алармирање и информирање, бидејќи порано беа многу повисоки а сега се скратени во некои европски рамки, се со цел „да не се криеме дека воздухот, за жал, во Скопје и во други градови е загаден“.

„Поделивме некои задачи, за жал некои се завршија некои не се завршија. Некои институции потфрлија и тука треба да бидеме искрени да признаеме. Доцни процесот на категоризација на возилата, не сите општини ја исполнија обврската да на Советот донесат план за справување со воздухот. Согласно законот секае каде што има мерни станици, тие тоа мора да го направат. Ние вклучивме две нови станици, фиксни, во Гостивар и во Струмица, една мобилна во Бутел“.