Македонскиот туристички потенцијал претставен на Саемот за туризам во Тирана

Македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја претстави туристичката понуда на Македонија пред 73 изложувачи и гости на првиот меѓународен саем за туризам Медитераниан туризам феар ( MTF), што се одржа викендов во Тирана.

На панел дискусијата што се одржала во рамки на саемот „Регионална соработка во туризмот во контекст  на меѓународната година за одржлив туризам и развој: Предизвици и долгорочен поглед“ директорката на АППТ, Лела Крстевска  ја истакнала суштината на меѓународната соработка во регионот и нејзината важност во име на одржливиот туризам.

– Крстевска стави акцент на тоа дека оваа година земјите од Балканот: Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и  Херцеговина заедно ќе се престават на саемот за туризам во Јапонија, како една дестинација за азиските земји, со што се потврдува важноста на регионалната соработка – се вели во соопштението.

Според АППТ, интересот за природата и културата на Македонија на саемот во Тирана бил огромен, особено од помладата публика. Штандот го посетиле  амбасадрот на Македонија во Албанија Стојан Карајанов, албанскиот министер за економски развој, туризам, трговија и претприемништво  Милва Економи и Ардит Чолаку, директор на албанската Агенција за туризам