Македонскиот документарец „Со љубов“ може да добие „Оскар“,прогонозира Стивен Спилберг

Легендарниот Стивен Спилберг смета дека македонскиот документарен филм „Со љубов“  е најдобриот документарец што го видел во последните години и заслужува да освои „Оскар“.

-Ве позиционира апсолутно во душата на главниот лик, вие не дознавате за деталите на неговото минато или неговата иднина, вие само гледате како луѓето кои се најблиску до него реагираат во неговото опкружување, и ова создава едно запознавање кое е топло и блиско до срцето – рече Стивен Спилберг на премиерата на филмот во Торонто.

Филмот на Илија Цветковски и на Атанас Георгиев е приказна за Дионис, професор по биологија пред пензија, и за неговиот сон. Тој има повеќе од сто половни коли, од кои повеќето не функционираат, но тој секоја вечер спие до нив сонувајќи својата необична колекција да ја претвори во музеј.

Филмот на Илија Цветковски и на Атанас Георгиев, ќе биде прикажан утре, на 16 август на Сараевскиот меѓународен филмски фестивал, кој е во тек.