Македонската младина се навлекува на седативи без лекарски рецепт

За разлика од други држави во Европа, каде што главни пороци на младите се цигари и алкохол, кај нас младите на 15 и 16 години користат средства за смирување без лекарски рецепт, и тоа двојно повеќе од нивните врсници во Европа.

Македонските средношколци користат двојно повеќе средства за смирување од нивните врсници во Европа, покажа истражувањето на  ЕСПАД (организација која го истражува ризичното однесување на 15 и 16-годишниците во Европа), за 2015 година.

За проблемот да биде уште поголем, станува збор за употреба на седативи без рецепт. Резултатите покажаа дека 11 отсто од македонските млади на оваа возраст се на доживотна употреба на седативи без дозвола, наспроти европскиот просек кој е 6 отсто.

Македонија и Црна Гора се единствени земји во Европа каде што трендовите покажуваат дека драстично се зголемила употребата на седативи кај оваа популација, во периодот 1995 – 2015 година.