Македонија не ѝ понуди помош на Словенија, иако лани словенските пожарникари гасеа пожари во Малешевијата, вели Мицевски

Додека Словенија се бори со последиците од страшните поплави кои ја зафатија минатата недела, помош за санација на штетите и помош за настраданото население пристигнува од сите страни. Меѓу блиските земји кои ѝ понудија помош на Словенија, не се најде Македонија. Ова го констатира Никола Мицевски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Како што објави тој, претседателката на Словенија објавила фотографија со која им се заблагодарува на пријателските и хумани земји за понудената помо, но меѓу нив не е Македонија, иако Словенија лани беше меѓу првите кои помогнаа кога се случија пожарите во Малешевскиот регион. 

- Минатата година со пожарите, устите ни беа полни со благодарност за Словенија и Словенскиот народ/пожарникари, за се што направија во Малшевијата.
Оваа година тие се соочија со природна непогода.
Словенската претседателка се заблагодарува за помошта на државите кој излегле во пресрет.
Нашата држава ја нема во помошта.
Се срамите ли и Вие како и јас!
Дали ви е незгодно и на Вас како и мене од неспособниве! - напиша Мицевски во својата фејсбук објава.