Македонците и оваа година продолжуваат да купуваат имоти на грчкиот Халкидики

Од 20 евра за метар квадратен земјиште на кое може да се подигне нова градба, до купување на мали хотели - Македонците и оваа година продолжуваат да купуваат имоти на грчкиот Халкидики, пишува Фактор.

Агенциите од Македонија, потврдуваат дека може да се купи плац за градба по 20 евра од метар квадратен покрај руралните средини подалеку од плажите, а обично земјиштето чини од 50 до 70 евра по м2.

Во Македонија има околу 30-ина агенции кои продаваат имот на Халкидики а во главно се рекламираат „герилски“ на фејсбук-страници.  Поактивни се оние од југоисточниот крај на Македонија, бидејќи се поблиску до Грција и има поголема концентрација на заинтересирани со куповна моќ.