Магла на патот Делчево-Македонска Каменица, слаб снег на Буково и Пресека

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози известуваат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, а слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот велат од АМСМ

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.