Левица: Ванковска собра 10.000 потписи

Политичката партија Левица објави дека професорката Билјана Ванковска, која е нивниот кандидат за претседател на државата ги собрала потребните 10.000 граѓански потписи.

“Проф. д-р Билјана Ванковска и официјално го доби легитимитетот да биде претседателски кандидат. Со собраните 10 000 потписи за рекордно време, конечно Левица и работниот народ на Македонија ќе имаат претседателски избори со избор. Левица прва им ја фрли ракавицата на буржујските партии, и во овој историски момент влегуваме фронтално да се пресметаме со троецот СДС, ДПМНЕ и ДУИ кој непрекинато ја разбенитува Македонија.  Народот ќе има можност да избере Претседател кој суверено ќе ги брани националните интереси на Македонија, наместо да биде марионета на странските амбасади и вазал на туѓите државни интереси“ стои во нивната објава