Лековит чај од куркума и ѓумбир

Дали сакате да имате здраво срце, добра концентрација и во исто време да се заштитите од лошите заболувања?

Photo by Hilary Hahn on Unsplash

Вклучете го овој чај направен од два од најздравите зачини во светот - ѓумбир и куркума - меѓу вашите омилени пијалоци. Споменатите зачини припаѓаат на исто семејство на растенија како и лилјаните. Секој поединечно е исклучително лековит, а ако ги комбинирате,  двојно ќе го зголемите позитивниот ефект и ќе си овозможите добро здравје. 

Во Кина и Индија, двата зачини имаат вековна историја на употреба во лекувањето на широк спектар на болести, овде тие неодамна беа ценети и стануваат сè попопуларни - со добра причина. 

Супстанциите како гинџеролот во ѓумбирот и куркуминот во куркумата имаат силни антиинфламаторни својства. Делуваат како вистински природни аналгетици, поради што многу алтернативни лекари ги препишуваат како лек. Покрај споменатите активни материи, ѓумбирот и куркумата содржат и магнезиум, цинк, железо, бакар, калциум и калиум.

Лековитите својства на овие два зачини се навистина импресивни, а ова се само неколку од нив:

ублажување на воспаление и инфекција,

заштита од рак,

го зајакнува имунитетот,

подобрување на функциите на мозокот,

го стимулира варењето,

помагаат при дијабетес, деменција и Алцхајмерова болест,

придонесуваат за здравјето на кожата,

имаат антидепресивни својства

Како да го направите овој чај?

Photo by Osha Key on Unsplash

Состојки:

1 чаша вода (филтрирана)

1 лажичка рендан свеж корен од ѓумбир

1 лажичка рендана свежа куркума или куркума во прав

1 лажичка мед или сок од лимон

1 лажичка црн пипер

Во тенџере зовријте вода. Потоа додадете ги ренданиот ѓумбир и куркумата и оставете да отстои 10-15 минути. Процедете го чајот и додадете црн пипер, сок од лимон и мед (кога чајот малку ќе се олади) и уживајте во екстра здрав зимски напиток. Пијте го овој чај еднаш дневно за да уживате во максимум од неговите здравствени придобивки.

Бенефити од чајот од ѓумбир и куркума

Photo by Kowit Phothisan on Unsplash

Го штити здравјето на срцето и крвните жили

Ѓумбирот со децении се користи во лекување на кардиоваскуларни заболувања. Функционира така што го намалува нивото на ЛДЛ холестеролот и ја спречува неговата оксидација. Токму овој лош холестерол е одговорен за развој на атеросклероза, односно блокирање на крвните садови. Благодарение на ова, ѓумбирот во голема мера го намалува ризикот од срцев удар. Истражувањата покажаа дека куркуминот, активната супстанција од куркумата, го намалува нивото на холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања со тоа што го штити здравјето на внатрешните ѕидови на крвните садови - ендотелот.

Ги подобрува мозочните функции

Коренот од ѓумбир го намалува оксидативниот стрес и ги подобрува функциите на мозокот. Покрај тоа, ја стимулира функцијата на невротрансмитерите кои овозможуваат комуникација помеѓу мозочните клетки. Во комбинација со куркума придонесува за здравјето на мозочните неврони и подобра концентрација.Покрај тоа, го спречува создавањето на бета-амилоидна плоча во мозокот, што е поврзано со појава на деменција и Алцхајмерова болест.

Ги ублажува болките и ги намалува воспаленијата

Бидејќи активните супстанци гинџерол и куркумин имаат силни антиинфламаторни својства, овие зачини помагаат и при отечени, воспалени и болни зглобови, односно артритис. Тие се сметаат за вистински природни аналгетици, па затоа овој чај е одличен избор за сите оние кои страдаат од болки.

Анти-канцегорени својства

Денес, ѓумбирот и куркумата се познати како одлични заштитници од многу видови тумори. Истражувањата покажуваат дека ѓумбирот го намалува ризикот од разни видови рак, а особено е ефикасен во спречување на рак на гастроинтестиналниот тракт. Благодарение на неговите моќни антиоксидантни својства, куркуминот ги спречува клеточните мутации кои инаку доведуваат до појава на тумори и рак.

Помага кај кожни тегоби

Куркумата често се користи за ублажување на разни проблеми со кожата, како што се акни, егзема и псоријаза. Благодарение на неговите антивоспалителни и антибактериски својства, гинџеролот од ѓумбир ја штити кожата од инфекции. Покрај тоа, го поддржува обновувањето на клетките на кожата, има ефект против стареење и ги намалува брчките и старечките дамки.