„Леб и сол“ со голем концерт на 5. август во Охрид

Култните „Леб и сол“ наскоро во Охрид со концерт во Антички театар, што ќе се одржи на 5 август. 

Концертот почнува во 21 часот, а влезниците се по цена од 800 до 1.200 денари.

 „Леб и сол“ доаѓа со својот вонвременски репертоар во Охрид по успешната балканска турнеја, а последниот настап во Македонија го имаше во мај во Штип.