Крстот во Општина Аеродром вчера остана без електрично напојување поради дефект. Надлежните служби денеска работат на негово отстранување и се очекува во најкус можен рок осветлувањето на крстот повторно да проработи, информираат од општината.
Гласините што се појавија на некои портали дека осветлувањето на крстот е намерно исклучено ги отфрламе како апсолутно невистинити, се вели во соопштението.