Кривично ќе се гони маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Интернет

Кривично ќе се гони маж од кочанско затоа што се заканувал на полицијаци преку социјални мрежи.

- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 24.02.2024 до 28.02.2024, преку социјална мрежа, пријавениот во повеќе наврати испратил пораки со заканувачки содржини кон тројца полициски службеници, информираа од полицијата.