Кривични пријави за сторено семејно насилство во Тетово и Гостивар

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава М.И. (25) од Гостивар, Тој се сомничи дека на 04.02.2024 година во Гостивар, физички го нападнал неговиот 51-годишен татко при што му нанел повреди

Другата кривична пријава е против М.В. (40) од Тетово кој се сомничи дека минатата година на 05.12.2023 година физички ја нападнал својата сопруга со тврд предмет и притоа и нанел повреди.

И во двата случаи осомничените се сомничат за сторено кривично дело “телесна повреда“ во врска со семејно насилство