Кривична за Тетовец поради узурпација и бесправно градење на државно земјиште

Поради узурпација и бесправно градење СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.М.(42) од Тетово. Лицето уште пред 10 години, во 2014-та година, изградил објект без притоа да поседува документација од катастарските парцели на општината.

Интересното во овој случај е што тоа земјиште уште на 26.10.1999 година било веќе еднаш дадено на друго правно лице на користење во траење од 30 години.