Колку граѓани успеале денес да влезат и излезат преку граниниот премин Табановце?

Податоците на МВР од Граничниот премин Табановце покажуваат дека од полноќ до 10:30 часот изутрината влез во државата оствариле 715 македонски и 1 080 странски државјани, се вели во соопштението. Во истиот период, како што информираат, излегле над 2.114 македонски и 572 странски државјани.

Со одредбите од Преспанскиот договор, Македонија си зема обврска да ги смени пасошите во период од 5 години. За жал државата оваа преземена обврска не успеа да ја исполни и над 600 илјади граѓани не можат да патуваат надвор од границите на државава.

Оваа одредба не важи за земјите со кои имаме склучено билатерални договори.Една од нив е Србија која ги пропушта нашите граѓани и со старите лични карти. За разлика од нив Грција строго се придржува кон исполнување на Преспанскиот договор.