Која карактеристика на мажите која е најпривлечна за жените?

Ако ги прашате жените што е тоа што го сакаат кај мажите, тие често ќе речат дека сакаат некој кој ги засмејува  и со кого можат да зборуваат долго.

Едно ново истражување спроведено на универзитетот во Северна Каролина покажува дека мажите кои добро се изразуваат се многу привлечни за жените, бидејќи тоа за жените е индикатор дека тие уживаат висок статус во општеството.

Во рамки на ова истражување, група на мажи и жени читале одредени описи на карактеристики на различни луѓе, со што било покажано дека жените биле привлечени од оние мажи кои подобро се опишале себеси, односно поелоквентно се изразиле во своите описи. Но, за разлика од нив, мажите не го направиле истото. За нив, елоквентноста и доброто изразување на жените се покажале како неважни.

Дополнително на тоа, од учесниците во групата било побарано да го опишат статусот односно дополнителните карактеристики на личностите, базирани на нивниот опис. Притоа, мажите кои добро се изразувале во рамки на своите описи од страна на жените учесници во истражувањето биле доживеани како личности кои се добри лидери и кои уживаат висок статус во општеството.