Кој е најголемиот тест низ кој мора да помине секоја љубовна врска?

Во денешно време, многу врски се распаѓаат и ни изгледа како тоа да се случува преку ноќ.

Photo by Charlie Foster on Unsplash

Но, силните врски се засноваат на добра комуникација, компромиси и заеднички раст и развој. Сериозното партнерство е многу повеќе од хемија и страст, тоа вклучува љубов која се изразува преку разбирање, помагање и решавање на проблемите како тим. На нивното заедничко животно патување, паровите често се соочуваат со различни предизвици и препреки. 

Но, постои еден тест, односно една навика која треба да постои кај двете страни за да може да успее љубовниот однос. Тоа е комуникацијата. 

Ефективната комуникација е клучот за сè, во пријателството, работата, семејните односи и односите. Поради недоразбирања, луѓето често започнуваат караници, запаѓаат во тензична атмосфера, а понекогаш доаѓа до пауза или дефинитивен крај. Не се работи само за изговорени зборови туку и за невербална комуникација, односно работи кои ги правиме и додека молчиме. За луѓето кои се во долги врски, често се вели дека знаат да уживаат во тишината, но и знаат да ја разберат и да го прочитаат расположението на својата сакана личност дури и когаш таа молчи. 

Паровите треба да можат отворено и слободно да ги изразуваат своите мисли, чувства и потреби. Еден од потешките начини да ја тестирате вашата комуникација е да започнете тежок разговор. Ако можете да започнете предизвикувачки теми без расправија или уште полошо, непријатна тишина, тоа покажува дека вашата врска достигнала одредено ниво на зрелост и стабилност.