Кога вистинската жена љуби: Не можам да ветам дека ќе бидам совршена, но секогаш ќе бидам покрај тебе!

Не можам да ти ветам дека секогаш ќе бидам љубезна, особено кога сум вознемирена.
Не можам да ти ветам дека секогаш ќе се држам строго до она што ќе го кажам.

Не можам да ти ветам дека ќе те послушам, дури и кога знам дека си во право.
Не можам да ти ветам дека секогаш ќе бидам слатка и чувствителна, но ќе се обидам.

Не можам да ти ветам дека секогаш ќе ги мијам садовите или дека ќе ја наместам мојата страна на креветот.
Не можам да ти ветам дека секогаш ќе посакам да ти кажам сѐ што ќе ми падне на памет.
Не можам да ти ветам дека секогаш ќе дотрчам до твоите прегратки кога ќе се уплашам од нешто.

Но, можам да ти ветам една работа: Никогаш нема да престанам да те сакам.

Знам дека сум тврдоглава. Знам дека сигурно ќе има моменти кога ќе се повлечам од тебе, затоа што сум лута, ладна, пречувствителна или само затоа што ми треба малку време само за мене.

Знам дека понекогаш ќе те излудувам. Знам дека нема секогаш да знам да ја кажам вистинската работа, нема секогаш да бидам жената која ти би сакал да бидам. Но, те молам немој ни за миг да се посомневаш во тоа дека не сакам да бидам таа жена, дека не сакам да бидам твое сѐ. Затоа што сакам и секогаш ќе сакам да бидам тоа.

Не можам да ти ветам дека ќе бидам совршена.

Знам дека сто пати ќе згрешам и дека ќе те повредам дури и кога ќе имам најдобри намери.
Знам дека понекогаш ќе кажам едно, а ќе направам друго. Сепак сум само човек.

Не можам да ти ветам дека ќе бидам совршена, но можам да ти го ветам ова:

Ти ветувам дека секогаш ќе бидам девојка која постојано ќе се труди околу тебе.

Жена која секогаш продолжува со трките иако никогаш не победува, онаа која се обидува да го постигне невозможното, онаа која љуби дури и кога свеќата полека се гасне, затоа што знае дека без оглед на сѐ, таа ќе најде начин како повторно да ја запали.

Ти ветувам дека ќе бидам девојка која ти се смее, дури и кога сум потиштена. Ќе бидам жена која ќе се обиде да го осветли твојот живот, дури и кога е мрак.

Ветувам дека секогаш ќе бидам личност на која можеш да ѝ се обратиш. Јас ќе бидам личноста која секогаш ќе ти подава рака. Ветувам дека ќе ти бидам лојална, секогаш ќе бидам покрај тебе, дури и ако сум уморна, тажна, лута, фрустрирана или ако се чувствувам осамено. Ветувам дека ќе ти го кажувам тоа и дека ќе зборувам искрено, такашто повторно некако ќе си го пронајдеме патот еден кон друг.

Ти ветувам дека нема да бидам совршена, но ќе бидам реална. Ветувам дека секогаш ќе останам силна жена со големо срце, жената во која се заљуби и без оглед на тоа колку ќе нѐ променат годините, без оглед на тоа колку животот ќе нѐ гази и милува, јас секогаш ќе останам верна на нас двајца и на нашата љубов.

Ветувам дека секогаш ќе работам на себе и на нас. Ќе работам на подобрување на комуникацијата, на бакнежи за добра ноќ и ќе работам на тоа повторно да се заљубиме еден во друг кога ќе бидеме стари и сенилни.

Ветувам дека никогаш нема да се плашам. Ветувам дека нема да бидам идеалната жена од соништата, но секогаш ќе бидам жена која знае дека ние сме само луѓе и дека за љубов потребни се двајца.

Ветувам дека секогаш ќе чувам дел од тебе во моето срце, дури и ако животот нѐ раздели, дури и ако не можеме повеќе да бидеме луѓето кои сме биле.

Ветувам дека ќе те сакам, дури и ако тоа не е доволно...