Кладилници во самите училишни дворови – малолетниците целна група на обложувалниците

Покрај непосредната близина на многубројните кафулиња и играчници покрај училишните дворови, обложувалниците најчесто посетувани од средношколската популација.

Без разлика на законската обврска, нивните сопствениците индиректно го одобруваат кладењето на малолетни лица во нивните локали, притоа не барајќи документи за лична идентификација на децата кои се чести посетители. Сопствениците ни најмалку не размислуваат за опасноста што им ја нанесуваат на средношколците и основците, напротив поставуваат билборди со реклами пред самиот праг на училишните дворови, заинтересирани само за профитот.

Газдите на обложувалниците дури и се иновативни со своите пароли од типот, сигурна добивка, најголем коефициент, не ви треба среќа и брза заработувачка. Судејќи по тоа дека повеќето од нив своие локали ги отвораат во непосредна близина, очигледно е дека нивна целна група се малолетниците и средношолците.