„Ќe ти ја иceчaм глaвaтa, ќе тe фpлaм во киceлинa“: Дpaмa во автобyc нa JCП, нападнати патници

Вистинска драма пред новогодишните празници се случувала во еден од автобусите на ЈСП откако жена во години замолила двајца патниците да ги стават маските преку уста и нос, соогласно мерките кои ги донесе Владата и градските власти за возење во јавен превоз.

На ова тие почнуваат насилно да се однесуваат, а еден од нив се заканува дека ќе сече глави и ќе ги става мртвите тела во киселина. Ваквата реакција ја евидентирала патничка во автобусот, а видеото е споделено на социјалните мрежи.

Делот кога двете момчиња физички ја напаѓаат госпоѓата која ги замолила да стават маски не е снимен, а на крај нападната е самата девојката што ги снима.