Ќе те препознаам...

Конечно!
Ќе се препознаеме.

Ќе те препознаам по допирот, по погледот, по усните. Не ме прашувај како. Едноставно ќе знам. И двајцата ќе сфатиме зошто не ни успеало со никој претходно. Ќе сфатиш дека животот ќе стане бајка. Можеби не онака како што сме замислувале, но ќе биде онака како што треба да биде. Наша бајка.

Ќе те препознаам по тоа што нема да избегаш на првиот проблем, туку силно ќе ме прегрнеш и ќе ми речеш: „Тука сум! Сѐ може да се реши, ќе го решиме и ова.“ И тоа ќе ми биде доволно. Дури и ако не се реши, ти својата храброст веќе си ја покажал. Таков маж и чекав. Кога јас сум слаба, ти да бидеш јак, за двајцата.

Ќе те препознаам, затоа што нема да ме оставиш целата во солзи, како секој маж пред тебе и нема да ми речеш да престанам да плачам, туку ќе ми го фатиш погледот, ќе ми ги избришеш солзите кои едноставно мораат да излезат од моето тело. Затоа што сум жена. Затоа што сум емотивна. И имам право да заплачам. Но, ти ќе го разбереш тоа.

Ќе те препознаам по насмевката. Ама онаа вистинската, без лажни стеги. По кафанското веселење и доброто вино. Во целата таа гужва од пијани луѓе, јас ќе ја слушам само твојата смеја и ќе го барам само твојот поглед. А кога ќе се погледнеме, сѐ ќе ни биде јасно. Ти си мој и јас сум твоја. Никому нема да го кажеме тоа, а сите ќе знаат. Среќата лесно се препознава.

Ќе те препознаам по: „Дали си гладна?“, „Дали ти е ладно?“ или „Веднаш доаѓам!“

И тоа ќе биде посилно од „Те сакам“! Тоа ќе биде доказот за љубовта која со нетрпение ја чекав.

Ќе те препознаам.

Ќе те препознаам затоа што ти ќе ги препознаеш моите желби. Тоа за некого ќе делуваат како обични моменти, но за нас тоа ќе биде целиот свет. Ќе ми ги исполниш сите оние банални желби кои сите пред тебе лесно ми ги ветуваа, а уште полесно ги прекршуваа тие ветувања и ги фрлаа во вода. Ќе ми читаш поезија, затоа што знаеш дека сум уметничка душа, која никогаш не се занимавала со уметност, иако ја обожава.

Ќе те препознаам, драг мој принц на искреноста. Затоа што сите пред тебе ги препознавав според лагите. Не им требаше долго, принцу мој. Брзо ме повредуваа, ми го кршеа срцето на парчиња, газеа по него како да е од стакло, а тие рани и денес ги зашивам. Но, ова мое срце ќе ти биде важно на тебе, затоа што ќе ја препознаеш неговата вредност. Ќе знаеш дека сум само едно девојче заробено во телото на една жена, која толку многу копнее во љубов, искрена и вистинска.

Ќе те препознаам. Кога никој друг нема да те препознае, јас ќе те препознаам. Кога ќе бидеш сам, кога ќе мислиш дека ништо нема смисла, тогаш ќе се појавам. Ќе бидам покрај тебе за да можеш како феникс да се издигнеш од пепелта и повторно да бидеш мој.

Ќе те препознаам дури и со заврзани очи, сигурна сум во тоа. Доволно ќе ми биде да го почувствувам тој допир и да ја слушнам таа воздишка. Ќе те препознаам по прегратката.

Ќе те препознаам по црвените лалиња кои толку многу ги сакам. Ќе те препознам по тоа како ми ги цитираш мислите од моите омилени писатели. Не ми треба мене ништо друго. А тоа е многу, тоа е сѐ.

Ќе те препознаам по песните. Оние стари песни кои и јас ги сакам. Заедно ќе слушаме песни од младоста на нашите родители и ќе мечтаевме за тоа како би било кога би се родиле во 60-тите или 70-тите години на минатиот век.

Ќе те препознаам по писмата кои ќе ми ги пишуваш. Оние љубовните. А јас љубоморно ќе ги чувам во кутија под креветот.

Ти, кој си љубовта на мојот живот, ако постоиш – ќе те пронајдам.

Ќе се препознаеме!