Каролина Гочева доби награда Најдобра етно нумера на MAC

Каролина Гочева се закити со статуетка на првите регионални музички награди во Белград.

38-годишната македонска ѕвезда ја доби наградата за Најдобра етно нумера за песната „Ти не дојде“, од нејзиниот најнов албум „Извор“.

Каролина ја изведе песната на големата сцена на церемонијата во Штарк арената.