Какво време не очекува утре, но и во неделата што ни претстои

Од Управата за хидрометеорошки работи ( УХМР) за утре прогнозираат сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо време облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите во главниот град ќе се движат од 3 степени минималната до 17 степени максималната температура.

Во текот на работната седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во четврток попладне и во петок ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Во текот на целиот период ќе дува умерен, а во четврток засилен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од 1 степен минималната до 17 максималната температура.