Какво време не очекува утре

Од Управа за хидрометеоролошки работи( УХМР) известуваат дека утре не очекува студено време, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Најниски температури ќе има во раните утрински часови и тоа во Маврово и Берово -11, додека највисоката температура ќе достигне до 5 степени

Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Најниската температура ќе биде -8 додека највисоката ќе биде 5 степени.