Како стресот и анксиозноста влијаат на интимниот однос?

Стресот и анксиозноста се присутни во нашето секојдневие, но ретко се зборува за тоа како тие влијаат на интимноста меѓу партнерите.

Photo by Hannah Busing on Unsplash

Според Здружението за анксиозност и депресија на Америка, околу 40 милиони Американци страдаат од стрес или некој вид на анксиозно растројство како возрасни. Овој податок исклучува дури 25 отсто од децата на возраст од 13 до 18 години кои исто така страдаат од анксиозност. Со оглед на глобалната пандемија и економската криза, овие бројки сега се во пораст.

Вистина е дека анксиозноста може да има огромно влијание врз нашиот сексуален живот и да влијае на квалитетот на нашата врска со партнерот. Ако страдате од анксиозност, не е невообичаено анксиозноста да влијае и на вашите најинтимни моменти со вашиот сакан партнер.

Иако жените се тие кои статистички имаат најмногу проблеми со анксиозноста, тоа не значи дека стресот и анксиозноста ги заобиколуваат мажите. Мажите најчесто се недијагностицирани затоа што не ги препознаваат симптомите на анксиозност и често сметаат дека станува збор за краткотраен стрес.

Симптоми на анксиозност:

- Раздразливост

- Главоболки

- Тешкотии во концентрацијата

– Мускулна напнатост

- Несоница

Многу мажи кои се под стрес или имаат симптоми на анксиозност може да имаат и уролошки проблеми кои можат да влијаат на нивниот сексуален живот:

Еректилна дисфункција

Предвремена ејакулација

Губење на либидото

Пад на кондицијата

Ако нашиот партнер има проблеми со анксиозноста, често чувствуваме тага, фрустрација, осаменост и напуштеност.

И ако ние сме тие кои се борат со анксиозноста, чувствуваме недостаток на самодоверба, депресија, размислуваме премногу. Анксиозноста дури и го менува нашиот однос со нашите тела. Кога ќе се погледнеме во огледало, често ќе помислиме дека не сме доволно убави, не сме доволно привлечни, не сме доволно.

Photo by Becca Tapert on Unsplash

Понекогаш можат да поминат години без соодветно да се изразат своите желби и потреби. Ова води до фрустрации и незадоволство и чувство дека немаме слобода да бидеме тоа што сме без осудување.Другата страна на паричката е неможноста да го пренесеме она што не го сакаме.

Повторно поврзете се со вашиот партнер

Ако вие или вашиот партнер сте под стрес подолго време, обидете се да внесете некои активности во вашата врска кои не се секогаш експлицитно сексуални. Идејата зад ова е да се поврзете во опуштена состојба на умот и да ја зајакнете вашата духовна врска, но и  да изградите безбедно место проткаено од доверба и страст.

Благодарност

Изразете благодарност за работите кои вашиот партнер ги прави за вас. Ова ќе ви помогне и вие и вашиот партнер да се чувствувате видени и ценети.

Прегратки

Како чоечки вид, ние ги сакаме прегратките. Секогаш се чувствуваме добро кога сме  гушнати, особено во друштво на саканата личност Прегрнете го партнерот две минути и бидете присутни во таа прегратка. Дали го чувствувате нивното тело и нивната кожа? Уживајте во овој момент. Почувствувајте го нивното чукање на срцето. Забележете како нивното тело се релаксира додека прегратката продолжува.

Разговори

Најдете време да разговарате со саканата личност за нејзините мисли, чувства и соништа. Слушајте ги внимателно и покажете интерес за она што тие имаат да го кажат. Отворената и искрена комуникација може да ја зајакне вашата врска и да ви помогне да се чувствувате поблиски еден со друг.

Одржување на романсата

Не заборавајте на романтичните гестови и моменти во вашата врска. Планирајте романтични вечери, излети или изненадувања за да ја одржите искрата на љубовта и страста. Уживајте и забавувајте се.