Возењето пијан е лошо не само за вас како личност, туку и за другите учесници во сообраќајот и безбедноста на патиштата.
Иако управувањето со возило во пијана состојба е една од најголемите и најтрагичните грешки кои можете да ги направите, сепак ви ги издвојуваме најчестите показатели со кои полицајците можат да утврдат дека возите пијани, уште пред да ве запрат.
- Возење од едната страна на патот кон друга
- Бавно возење, барем 10км под дозволената граница
- Хаотично кочење
- Возење без светла
- Неприкладно застанување на семафор или пешачки премини
- Екстремни свртувања
- Доближување до другите автомобили во сообраќајот
Во случај како возач да забележите вакво однесување, потребно е да ја известите полициската патрола. На тој начин, можете да спасите нечиј живот.
Доколку сте љубители на алкохолот, не возете. Користете такси, градски превоз или превоз со пријател.